Информации за плаќање

Се надеваме дека уживате во користењето на интернет продавницата Andromeda.mk. Нашата цел е да бидеме најдобра интернет продавница кадешто клиентите ќе можат да најдат  најквалитетни производи и пазарни промоции со најконкурентни цени . За да постигнеме таква амбициозна цел, нашите стандарди на однесување потребно е да бидат на највисокото можно ниво. Ние максимално се вложуваме за да ви овозможиме најлесно и најубаво искуство кога ја користите нашата интернет продавница.

Со Andromeda.mk управува компанијата Андромеда ДООЕЛ Скопје.

Постојат неколку начини преку кои се извршува плаќање на Andromeda.mk : 

Плаќање со кредитна или дебитна картичка

Payment methods Alfi Market

Ова е најдобриот и најбрзиот начин на плаќање на Andromeda.mk бидејќи плаќањата реализирани преку овој систем се регистрираат веднаш и овозможуваат вашата нарачка побрзо да биде процесирана и испорачана за достава до вашата адреса.

Andromeda.mk користи најнапредна технологија за да обезбеди сигурност на вашите платежни трансакции и целокупното корисничко искуство. Andromeda.mk користи SSL – Secure Sockets Layer, протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање за да обезбеди приватност, автентификација и интегритет на податоците во интернет комуникациите. Покрај тоа, Andromeda.mk користи порти за плаќање (payment gateway) кои се докажано безбедни. Во согласност со препораките за безбедност на информациите, при плаќање на Andromeda.mk вие ќе бидете префрлени на платформата на платежните системи и вашите податоци од платежната картичка во ниту еден момент нема да бидат на увид или зачувани од страна на Andromeda.mk.  

Плаќање со уплатница (ПП10 или ПП30) преку банкарски шалтер или електронско банкарство

Плаќање со уплатница може да се изврши преку шалтер во банка (со уплатница ПП10/ПП30) или со користење на електронско банкарство (уплатница ПП30) од банката во која Вие сте клиент (напомена: потребно е да имате активирано електронско банкарство. Контактирајте ја вашата банка за повеќе информации). Плаќањето со уплатница е побавен процес и најчесто е потребно од 1 до 2 работни дена за средствата да пристигнат на сметката на Андромеда ДООЕЛ Скопје. Кога плаќате со уплатница, доколку сакате да го забрзате процесот за процесирање на вашата нарачка, можете да ја скенирате/сликате уплатницата или потврдата од електронскиот трансфер и да ги испратите на info@andromeda.mk и да напишете за кој број на нарачка е извршена уплатата.

Oсновни информации за уплата на средства кон Andromeda.mk (компанија Андромеда ДООЕЛ Скопје):

Назив на примач: Андромеда ДООЕЛ Скопје

Адреса: Ѓорче Петров, Скопје

Трансакциска сметка на примач: 270-0742672001-67

Банка на примач: Халк Банка

Погледнете ги примерите со слики како да пополните уплатница за плаќање кон Андромеда ДООЕЛ Скопје 

ПП10 (за плаќање на шалтер во банка)

Instrukcii za plakjanje na Alfimarket

ПП30 (за плаќање преку електронско банкарство)

Instrukcii za plakjanje na Alfimarket

Поврзано со процесите за плаќање на Andromeda.mk ве молиме прочитајте ги Условите за користење и Политиките за приватност.

Со почит,

Андромеда ДООЕЛ Скопје

оператори на интернет продавница Andromeda.mk