Политики на приватност и колачиња
Заштита на лични податоци
Заштитата на личните податоци ги содржи практиките за приватност на веб-страницата www.andromeda.mk и објаснува како Андромеда ДООЕЛ Скопје ги користи вашите податоци, а се однесува на нашата веб-страница www.andromeda.mk, мобилната верзија на веб-страницата, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ги Политиките за приватност и повремено проверувајте ги истите за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашата веб-страница се согласувате со сите услови дефинирани во овие Политики за приватност и Условите за користење на нашата веб-страница. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа веб-страница и не ја употребувајте истата.
Андромеда ДООЕЛ Скопје гo задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, без претходна најава, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Прибирањето и обработката на личните податоци на оваа веб-страница е во согласност со позитивните законски одредби во РС Македонија, односно согласно Законот за заштита на личните податоци, како и другите законски и подзаконски акти кои ја третираат оваа проблематика.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
-
- Податоци кои ги собираме
-
- Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
-
- За кои цели Андромеда ДООЕЛ Скопје ги користи податоците
-
- Кога и како www.andromeda.mk открива податоци
-
- Како www.andromeda.mk ги собира податоците
-
- Безбедност на податоците
-
- Пристап и промена на Вашите податоци
-
- Социјални мрежи
-
- Приватноста на трети страни
-
- Заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)
-
- Терминологија
-
- Рок на чување на собраните податоци
-
- Вашите права и контакт во врска со Политиките за приватност
-
- Промена на политиките за приватност
Податоци кои ги собираме
Ние собираме податоци кога имате интеракција со нас или нашата веб-страница, односно кога:
пристапувате или ја користите нашата веб-страница;
се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на www.andromeda.mk;
ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
контактирате со нашата корисничка поддршка
оставате коментари на веб-страницата;
ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
купувате производи или услуги преку нашата веб-страница;
се поврзувате на веб-страницата преку социјалните мрежи;
давате информации на наши Бизнис провајдери;
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку веб-страницата (“Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на нашата банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Формулар „Моја сметка“ и „Најави се“
Доколку сакате да Ви овозможиме онлајн купување на нашите производи, следење на тековните нарачки и увид во претходните нарачки, потребно е да се регистрирате внесувајќи ги следните лични податоци:
• Име и презиме,
• Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и поштенска адреса)
• Поштенски број
• Град
• Држава
• Регион (доколку има поделени зони на испорака)
Кога се регистрирате, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица. Откако еднаш ќе се регистрирате, во иднина е потребно само да се најавите за да можете онлајн да купувате.
Формулар „Магазин“
Доколку сакате редовно да добивате новости и понуди за нашите производи, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:
• Е – адреса
Веднаш под формата „Магазин“, Ви нудиме можност да се запознаете со оваа Политика за приватност и Услови и согласност за директен маркетинг
Формулар „Контакт“
Доколку сакате да не контактирате и да одговориме на Вашата порака, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
• име
• Е-адреса
Веднаш под формата „Контакт“, Ви нудиме можност да се запознаете со оваа Политика за приватност.
Формулар за „Рекламација и враќање на производ“
Доколку сакате да го остварите законското право за рекламација и враќање на производ, потребно е претходно да се регистрирате и најавите на вашата сметка со:
• е-пошта и лозинка
По најавата ќе се искористат ваши лични податоци оставени при регистрација на вашата сметка, за реализација на рекламацијата и тоа:
• Име и презиме,
• Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и домашна адреса)
• број и датум на нарачка
• трансакциска сметка – само доколку е потребен поврат на средства
Формулар „Партнерска програма“
Доколку сакате да станете партнер и да ги препродавате нашите производи или услуги, потребно е да се регистрирате, а исто така и да бидете одобрени од администраторот на интернет продавницата внесувајќи ги следните лични податоци:
• Име и презиме,
• Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и поштенска адреса)
• Поштенски број
• Град
• Држава
• Регион (доколку има поделени зони на испорака)
• Трансакциска сметка – доколку се работи за физичко лице
Кога се регистрирате како партнер, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат во делот за партнери. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица. Откако еднаш ќе се регистрирате како партнер, во иднина е потребно само да се најавите за да можете да ги следите вашите партнерски награди и да го преземате партнерскиот код.
Вредносен ваучер (подарок) – Подари на пријател/Купи вредносен ваучер. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга да купите ваучер за пријател, ќе биде потребно да внесете:
Името на примачот
е-маил адреса на примачот – како би можеле електронски да го испратиме ваучерот кој ќе може да се искористи за купување на соодветни производи и услуги од нашата продавница.
• Вашето име
• Вашата е-пошта
Со купување на ваучерот – автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на примачот со подарокот кој сте го купиле за него или покана да ја посети нашата веб-страница www.andromeda.mk ќе ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарок. Вашиот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на info@andromeda.mk и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни активности, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во овие Политики за приватност. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страница да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови за користење и овие Политики за приватност, во согласност со применливиот закон.
Податоците кои не го идентификуваат крајниот корисник, на пример Универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб-страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб-страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб-страница, типот на пребарувачот, верзија и додатоци што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано подолу на оваа страница.
Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која www.andromeda.mk ја има со вас.
(а) Промотивни е-маил пораки
При самата регистрација вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “Регистрација / НЕ” во вашата корисничка сметка. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.
(б) Колачиња и други технологии
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата “Поставки на колачиња” која се појавува како Pop Up кога посетувате www.andromeda.mk. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу www.andromeda.mk и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.
За кои цели Андромеда ДООЕЛ Скопје ги користи податоците
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во овие Политики за приватност со цел:
работење, одржување и подобрување на нашата веб-страница и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
да го олесниме правењето нарачка на веб-страницата и процесот на купување;
да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
анализа и спроведување на истражувања;
да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу www.andromeda.mk и нашите бизнис соработници;
да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на веб-страницата, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
да ви овозможиме да аплицирате за работно место, да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите Бизнис соработници или други трети страни преку веб-страницата или други програми кои ќе ги овозможиме.
Кога и како Андромеда ДООЕЛ Скопје открива податоци
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу или во друг случај пропишан со закон и по барање на надлежните државни институции:
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на веб-страницата, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на нашата банка со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за продавачи на www.andromeda.mk до нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме продавачите на www.andromeda.mk и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за приватност. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за приватност и не е предмет на наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на овие Политики за приватност.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон, на органи на државната власт се со цел извршување на одредени правни обврски или одговорности и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб-страница.
Ние го задржуваме правото да откриваме или споделуваме податоци со бизнис соработниците и огласувачите од видот на агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
Како Андромеда ДООЕЛ Скопје ги собира податоците
Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб-страницата www.andromeda.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купување или искористувате купони/ваучери или на било кој начин имате интеракција со нашата веб-страница. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме, телефон и емаил адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страницата, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб-страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политика за колачиња”.
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашата веб-страница. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
Безбедност на податоците
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страница со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.
Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.
Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме и која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Пристап и промена на вашите податоци
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Моја сметка”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@andromeda.mk со email – адресата која сакате да се замени и новата адреса.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@andromeda.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страницата поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
Социјални мрежи
Веб-страницата може да биде пристапена или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да бидат достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други веб-страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Google Plus, Telegram)
www.andromeda.mk им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.
Приватноста на трети страни
Заштитата на приватноста се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.andromeda.mk. Други веб-страници кои може да бидат пристапени преку линкови од нашата веб-страница може да имаат сопствени политики за приватноста, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашата веб-страница пристапите до друга веб-страница Ви препорачуваме да ги видите политиките за приватност на таа веб-страница. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
Заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)
www.andromeda.mk не дозволува користење на веб-страницата на малолетници (лица помлади од 18 години) и таквата употреба е забранета. Веб-страницата е дизајнирана со намера да услужува полнолетни лица. Со користењето на www.andromeda.mk изјавувате дека сте полнолетно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема навршено 18 години.
Терминологија
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на www.andromeda.mk, како на пример процесирање на трансакции, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб-страница, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Податоците кои не го идентификуваат крајниот корисник, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашата веб-страница.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
Рок на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Вашите права и контакт во врска со Политиките за приватност
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да контактирате со нас на следниов e-mail: info@andromeda.mk
Промена на Политиките за приватност
Политиките за приватност редовно ќе се менуваат и дополнуваат соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ја нашата веб-страница за навремено информирање при евенутални промени.
Последна промена на: Јануари 2023 година