Често Поставувани Прашања

Погледнете одговори за често поставуваните прашања на Андромеда онлајн мегамаркет.

Информации за испорака

Достапни се три начини на испорака:

Бесплатна испорака: За износ над 1500мкд вашата нарачка ќе биде бесплатно испорачана до вашата адреса во рок од 3-4 работни дена.

Стандардна испорака: Цената за стандардна испорака изнесува минимум 120мкд. Доколку вашата нарачка содржи повеќе производи со голем волуменски габарит за кои ќе биде потребно истите да бидат доставени во повеќе пакувања, секое пакување ќе се смета како посебна пратка. Вашата нарачка ќе биде испорачана во рок од 3-4 работни дена.

Итна испорака: Доколку ви е потребна итна испорака на вашата нарачка, во тој случај можете да ја користите оваа опцијата и вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од 1-2 работни дена по цена од 270мкд.

Во моментов немаме дефинирано стандарна меѓународна испорака. Но по желба на клиентите можеме да понудиме специјална понуда за меѓународна испорака на одредени производи. Ве молиме контактирајте со нас преку нашата контакт страница и пишете ни за кои производи би сакале да ви бидат меѓународно испорачани.

Плаќање

Нарачување и Враќање на производи

Откако ќе се регистрирате, потребно е да се најавите на нашата веб-страница со Вашето Корисничко име/Е-адреса и Лозинка, сите производи ќе бидат достапни да се видат со цени. Доколку сакате некој производ да го нарачате, кликнете на името на самиот производ и ДОДАЈ ВО КОШНИЦА. Истата постапка повторете ја и со останатите производи што ви се потребни. Кога ќе ја завршите нарачката, во горниот десен агол, ќе ја видите состојбата во Вашата КОШНИЦА. Кога ќе бидете сигурни за изборот и количините, притиснете на ПЛАЌАЊЕ и извршете го плаќањето. На Вашиот е-маил ќе Ви стигне потврда за Вашата нарачка со листата на производи што сте ги нарачале.

Доколку сакате да промените производ кој претходно сте го додале во вашата кошница, во горниот десен агол, ќе ја видите состојбата во Вашата КОШНИЦА, кликнете на иконата и ВИДИ КОШНИЦА за детално да ја прегледате состојбата со вашите производи. На оваа страница можете да ги избришете сите производи во вашата кошница со притискање на ИЗБРИШИ КОШНИЧКА или доколку сакате да избришете само еден производ во тој случај притиснете на Х на сликата на производот кој сакате да го отстраните од вашата кошница. Кога ќе бидете сигурни за изборот и количините, притиснете на ПЛАЌАЊЕ и извршете го плаќањето. На Вашата е-маил адреса ќе Ви стигне потврда за Вашата нарачка со листата на производи што сте ги нарачале.