Услови за користење

Услови за користење на веб-страницата на Андромеда онлајн мегамаркет (Andromeda online megamarket).

Се надеваме дека уживате во користењето на интернет продавницата Андромеда онлајн мегамаркет. Нашата цел е да бидеме најдобра веб-продавница која нуди висок квалитет на работа, понуди на производи и грижа за своите корисници. За да постигнеме таква амбициозна цел, нашите стандарди на работење потребно е да бидат на највисоко можно ниво. Ние максимално се вложуваме за да ви овозможиме најлесно и најубаво искуство кога ја користите нашата интернет продавница.

Со пристапување до www.andromeda.mk и нашите поврзани веб-страници, домени, поддомени, услуги, апликации или алатки (колективно наречени Andromeda.mk) се согласувате со следниве услови, кои се напишани за да се осигураме дека Andromeda.mk ќе работи за секого. Andromeda.mk е овозможена од компанијата Андромеда ДООЕЛ, лоцирана во Скопје, РС Македонија. Овие Услови за користење претставуваат правно обврзувачки договор помеѓу Вас и Андромеда ДООЕЛ и се во употреба од 1 јануари 2023 година за тековните корисници и по прифаќањето на овие услови за сите нови корисници. Вие ги прифаќате Условите за користење со прифаќање на копчето „Услови за користење“, при регистрирање корисничка сметка (профил) на интернет продавницата www.andromeda.mk и со пристапување на оваа веб-продавница на било кој друг начин, вклучително и разгледување, купување, споредување на производи, користење на системот за електронска трговија или поинаку ако е наведено на Andromeda.mk.

Andromeda.mk е заштитена правна сопственост на компанијата Андромеда ДООЕЛ, регистрирана во Скопје, РС Македонија. За било какви информации во врска со работата на Andromeda.mk, ве молиме проследете ги вашите прашања преку следнава КОНТАКТ форма вклучувајќи ги и вашите детали за контакт. Сите сторители кои ќе ги повредат авторските права на Андромеда ДООЕЛ ќе бидат пријавени и гонети од одговорните државни институции.

Андромеда ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие услови во секое време, без претходна најава, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Сигурност на услугата

Андромеда онлајн мегамаркет функционира во дигиталниот свет, но сепак зависи и од реалниот (физичкиот) свет поради потребната електрична енергија, стабилноста на системите, транспортната мрежа, работната сила, природните состојби и слично. Затоа, ниту една услуга неможе да се обезбеди 100% во текот на цело време, потребни се извесни временски периоди за одржување на системите на кои функционира Andromeda.mk, за проверка на процедурите за работење и за обновување на системите и процесите откако ќе настапи поголема природна или вештачка катастрофа. Andromeda.mk обезбедува 24/7 услуга на своите корисници со вкупна оперативност поголема од 95% во текот на период од 12 месеци. 

Исклучоци: Било какви периоди на ограничен пристап до услугите на Andromeda.mk заради ажурирање, редовно сервисирање или поправка на оперативните системи или неможноста да се обезбеди услуга поради причини кои се вон силата на Andromeda.mk да делува (како што се природни или вештачки катастрофи, ограничување на услуги од трети страни, војна, акти на насилство, вонредни состојби) нема да се смета за ограничен пристап или период на недостапна оперативност на услугите во период од 12 месеци. Доколку некои податоци се изгубат или корисничките сметки (профили) се избришат заради техничка неисправност или поради виша сила, Андромеда ДООЕЛ и нејзините одговорни лица нема да бидат земени за одговорни за настанатата ситуација.

Плаќање

Andromeda.mk користи најнапредна технологија за да обезбеди сигурност на вашите платежни трансакции и целокупното корисничко искуство. Andromeda.mk користи SSL – Secure Sockets Layer, протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање за да обезбеди приватност, автентификација и интегритет на податоците во интернет комуникациите. Покрај тоа, Andromeda.mk користи порти за плаќање (payment gateway) кои се докажано безбедни, со што ви се овозможува најдобро искуство во прелистување и користење на електронскиот огласник.

Електронското плаќање со платежни картички се одвива преку виртуелен ПОС терминал овозможен од Халкбанка А.Д Скопје. Халкбанка оваа услуга ја има имплементирано преку безбедносниот систем на Visa – Verified by Visa (VbV) и преку безбедносниот систем на MasterCard International – Master Secure Code во соработка со платежниот процесор Nestpay. Andromeda.mk може да користи и други глобални или локални платежни системи кои се докажани во своето работење и регистрирани согласно позитивните законски норми. Овие системи претставуваат глобални програми дизајнирани да го направат електронското плаќање побезбедно и посигурно за корисниците. При плаќање на Andromeda.mk вие ќе бидете префрлени на платформата на платежните системи и вашите податоци од платежната картичка во ниту еден момент нема да бидат на увид или зачувани од страна на Andromeda.mk.

Доколку воочите проблем со наплатата на вашата сметка, ве молиме испратете порака до info@andromeda.mk со наслов АЛЕРТ и објаснете го вашиот проблем. Андромеда мегамаркет ќе направи се за да ве услужи и помогне во решавање на проблемот со плаќање.

Заштита на личните податоци на корисниците на дебитни / кредитни картички

Андромеда ДООЕЛ Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци како и другите законски и подзаконски акти кои ја третираат оваа проблематика. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат сите информации кои се однесуваат на физичко лице кое може да се идентификува, односно лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за идентитетот на тоа физичко лице. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Андромеда ДООЕЛ Скопје не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Андромеда ДООЕЛ Скопје ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Андромеда ДООЕЛ Скопје за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Плаќањето се врши преку надворешен процесинг центар кој ги процесира трансакциите за on line плаќање и Андромеда ДООЕЛ Скопје нема увид во истите трансакции туку добива извештај за статусот на плаќањето.

Регистрација на корисничка сметка

Регистрацијата на корисничка сметка е бесплатна. Регистрацијата на корисничката сметка се прави со следење и извршување на потребните чекори. Верификацијата за човечки фактор е задолжителна на начин како што е предложен од Andromeda.mk. Треба да бидете регистрирани и најавени на Andromeda.mk за да можете да купите производи или услуги.

Ако корисничката сметка е неактивна за период од 24 месеци, Andromeda.mk има право да ја избрише.

Кога користите Andromeda.mk ја користите најновата технологија што се применува на веб-страниците за електронска трговија. Можеби од вас ќе биде побарано да дадете согласност за функционирање на одредени софтверски елементи со цел подобра услуга за вас. Доколку вашиот компјутерски или мобилен софтвер не е ажуриран, можеби нема да успеете целосно да ги користите услугите овозможени од Andromeda.mk.

Доставување на производите / услугите

Овие услови се однесуваат на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје или други доставувачи на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа веб-страница.

Плаќањето на производите може да биде со дебитна / кредитна картичка или на друг начин којшто е објавен на оваа веб-страница.

Трошоците за испорака се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

Поврат на средства по трансакција со платежни картички

Андромеда ДООЕЛ Скопје ќе изврши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Откако ќе се регистрирате, потребно е да се најавите на нашата веб-страница со Вашето Корисничко име/Е-адреса и Лозинка, сите производи ќе бидат достапни да се видат со цени.

Доколку сакате некој производ да го нарачате, кликнете на името на самиот производ,
потоа наведете ја количината и ВО КОШНИЦА.

Истата постапка повторете ја и со останатите производи што ви се потребни.
Кога ќе ја завршите нарачката, во горниот десен агол, ќе ја видите состојбата во Вашата КОШНИЦА.

Кога ќе бидете сигурни за изборот и количините, притиснете на НАРАЧКА.

На Вашиот е-маил ќе Ви стигне потврда за Вашата нарачка со листата на производи
што сте ги нарачале.

Приватност на личните податоци при посета на веб-страницата

Во рамки на Условите за користење се и Политиките за приватност на личните податоци со кои се уредува начинот на кој Андромеда ДООЕЛ Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на веб-страната www.andromeda.mk (понатаму: ”веб-страница”).

Овие политики за приватност се однесуваат единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Андромеда ДООЕЛ Скопје ги собира од своите корисници на други начини.

Овие Политики на приватност не се однесуваат ниту на личните податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на веб-страницата, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на веб-страницата, Андромеда ДООЕЛ Скопје ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги и производи, како што се активирање или деактивирање на одредени услуги, регистрација, информирање за состојбата во врска со вашата сметка, електронски нарачки при online продажба, електронско плаќање, наградни игри, анкети.

При електронски нарачки и плаќање, Андромеда ДООЕЛ Скопје нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Андромеда ДООЕЛ Скопје ги обработува Вашите лични податоци за:

– овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.

– администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Андромеда ДООЕЛ Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на РС Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во Андромеда ДООЕЛ Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Андромеда ДООЕЛ Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.

При посетата на веб-страната од корисниците, Андромеда ДООЕЛ Скопје може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на веб-страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Со помош на колачињата Андромеда ДООЕЛ Скопје го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Андромеда ДООЕЛ Скопје користи неколку видови на колачиња при работењето на веб-страницата:

-Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

-Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на Андромеда ДООЕЛ Скопје, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страницата. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку Андромеда ДООЕЛ Скопје веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.

На веб-страницата има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено.

Со посетата на веб-страницата посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.

Во поставките на  својот интернет пребарувач корисниците може да изберат пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Ремаркетинг

Андромеда ДООЕЛ Скопје информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на веб-страницата на www.andromeda.mk и обезбедена согласност за оваа активност.

Google, Facebook и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на Андромеда ДООЕЛ Скопје преку користење на колачиња.

Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.

Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.

На пример, кога со посетата на www.andromeda.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на реклама кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за Андромеда ДООЕЛ Скопје или за содржината која ја посетил на страната на Андромеда ДООЕЛ Скопје. Сите собрани податоци од Андромеда ДООЕЛ Скопје ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници:
За “Google”: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en
за “Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/

Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот интернет пребарувач да ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено.

“DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот “Параметри” (Preferences) или “Поставки” (Settings) на интернет пребарувачот кој го користи.

Промени во Условите за користење

Андромеда ДООЕЛ Скопје има право да ги ажурира овие Услови за користење, а откако тоа ќе го направиме ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ги проверува Условите за користење и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.andromeda.mk, корисникот ги прифаќа Условите за користење.

Доколку не се согласувате со овие Услови за користење, ве молиме да го прекинете пристапот до веб-страницата.

Андромеда ДООЕЛ Скопје

Датум на последно ажурирање: Јануари 2023 година